Бриош крофни

Од:

Вистинска уметност е да се направат добри крофни …

Потребно е:
околу 450 гр брашно
20 гр свеж квасец
50 гр шеќер
1/4 лажиче сол
100 мл млеко
3 јајца
100 гр путер, исечен на коцки
изрендана кора од лимон

чоколаден крем или џем по ваш избор
масло од сончоглед, за пржење
шеќер, за валкање на крофните

Подготовка:
– Во помал сад издробете го квасецот и додадете 1 лажица (од 50-те гр) шеќер и топлото млеко. Измешајте и оставете го садот на топло место за да стаса квасецот.

– Изматете ги јајцата.

– Во еден подлабок сад ставетете брашно, шеќер и сол и убаво измешајте. Додадете ги стасаниот квасец, јајцата и ренданата кора од лимон. Змамесете тесто со раце или пак ако имате со машина за месење тесто. Тестото треба да биде меко и лепливо.

– Месете го околу 5 минути и потоа додадете ги путерот, но една по една коцка и повторно месете уште 5 минути. Тестото треба да биде меко и свиленкасто.

– Посипете ја со брашно работната површина. Ставете го тестото на брашното и формирајте го како топка, а потоа ставете го во намастена чинија. Покријте го со пластична фолија, прободете ја на неколку места со вилушка и оставете го во фрижидер 12-16 часа (најдобро преку ноќ).

– Две големи тави од рерна обложете ги со хартија за печење. Извадете го тестото од фрижидер и ставете го на набрашнета работна површина и со сукало развлешете го со дебелина од 0,5 см. Со округла модла вадете крофни со сакана големина. Наредете ги на хартијата во тавите, со поголемо растојание меѓу нив. Тавите покријте ги со крпи и оставете ги крофните да стојат уште 1-2 часа да нараснат.

– Ставете шеќер во една подлабока чинија. Чинијата во која ќе ги ставате испржените крофни обложете ја со хартија.

– Ставете го маслото во сад на рингла и оставете да се загрее на средно јака температура. Внимателно ставете 2-3 крофни и пржете ги до златна боја. Готовите крофни уште врели увалкајте ги во шеќер и ставете ги на хартија да се оладат.

– Во готварски шприц или кесичка за декорирање ставете од чоколадниот крем или џемот и наполнете ги крофните.

– Послужете ги веднаш.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска