Брауни чизкејк со јагоди

Од:

Идеална комбинација за сите неодлучни: чоколадо и чизкејк во едно и превкусни освежителни јагоди …

Потребно е:
за брауни делот:
200 гр чоколадо
150 гр путер
180 гр шеќер во прав
2 јајца
прстофат сол
100 гр брашно

за чизкејк делот:
400 гр 
крем сирење
200 гр свежо сирење
4 лажици шеќер во прав
1 ванилин шеќер
2 јајца
400 гр јагоди

Подготовка:
– Рерната загрејте ја на 170 целзиусови степени. Калап со дијаметар од 24 см обложете го со хартија за печење.

– Во сад на рингла на тивко растопете го чоколадото заедно со путерот. Потоа садот тргнете го од рингла и постепено додадете ги останатите состојки за брауни делот и изматете убаво.

– Горната смеса сипете ја во калапот и ставете да се пече во загреаната рерна околу 20 минути, односно додека не се направи коричка на горниот дел.

– Во меѓувреме во еден сад измешајте ги сите состојки за чизкејк делот и изматете ги убаво.

– Извадете го калапот од рерна и врз чоколадното тесто прелијте го кремот од сирење. Калапот вратете го во рерна и допечете го колачот од 30 до 35 минути.

– Печениот колач извадете го од рерна и оставете го на собна температура да се излади, а потоа преку ноќ оставете го во фрижидер.

– Утредента на врвот на тортата наредете ги сецканите јагоди.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска