Борнео: Се што сакате од природата

Од:

Доколку сакате далечни дестинации, кои во вас ќе го разбудат авантуристот, Борнео е една од опциите.

Борнео е поделен меѓу Индонезија, Брунеи и Малезија, а е познат по преубавата и претежно недопрената природа.

Следуваат некои факти за Борнео:

Борнео има површина од 743.122 километри квадратни и е трет остров во светот, според површината.

Островот се наоѓа пред Индонезискиот архипелаг, а политички е поделен е меѓу Индонезија, Малезија и Брунеи.

Брегот на островот поради мочуришните шуми мангрови релативно е непристапен.

Од крајната северна точка на островот, Кап Сампанимангиа па до северозападниот крај на Кап Дату се протега долг планински ланец.

Највисоката точка на островот е Монт Кинабала (4.101 метри надморкса височина) и се наоѓа на североисток.

Просечната температура варира од 27,7 степени Целзиусови во мај до 26,7 степени Целзиусови во декември – идеално место за куси ракави.

На Борнео живеат околу 15 милиони луѓе па со тоа густината на населеност е само 16 жители на квадратен метар.

Во внатрешноста на Борнео живеат Пенани, група ловци и собирачи кои етнолошки припаѓаат на т.н. Прото Малајци.

Во некои подрачја на брегот можат да се сретнат населби на народот Оранг Лаута.

Поголемиот дел од населението Калимантани се или муслимани или практично анимисти. Постооја и христијанско малцинство.

На Борнео ве очекуваа тропски предели, егзотични растенија, уникатни животински видови, кои се потопуваат во топлината на сонцето и морето.

Најмалата азиска жаба со големина на кикирика откриена е во Националниот парк во малезиската држава Саравак на северниот дел на островот.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска