„Боинг 727“ заминува во пензија

Од:

По повеќе од 50 години од својот прв лет, денеска од американската сојузна држава Вашингтон, на своето последно патувањод ќе полета легендарниот модел „Боинг 727“.

На своето последно патување овој авион ќе полета од аеродромот Пејн филд, по што ќе стане дел од постојаната поставка во Музејот на авијацијата во Сиетл.

„Боинг 727“  беше направен во 1962 година, но првата година беше користен како авион за тестирања.

Од 1964 до 1991 година беше користен за комерцијални летови во компанијата „Јунајтед ерлајнс“.

За 27-години, „Боинг 727“ во воздух бил 64.495 часа, направил 48.060 слетувања и превезол над три милиони патници.

Иако многумина сметаа дека овој авион веќе никогаш нема да полета, тоа, сепак, ќе се случи денеска.

Кога беше произведен, во дизајнерска смисла овој авион беше многу поинаков од другите авиони од тоа време. Имаше поинаква форма на крилата, што му овозможуваше да лета побрзо. Беше дизајниран за мали аеродроми и пократки писти, па на почетокот не привлекуваше големо внимение. Меѓутоа, за да ја помогне продажбата, компанијата „Боинг“ организираше меѓународна турнеја, што се покажа како добар потег.

До 1984 година беа продадени 1.832 „боинг 727“, со што тоа стана првиот комерцијален авион што е продаден во повеќе од 1.000 примероци.

Освен во комерцијални цели „Боинг 727“ со времето стана и незаобиколив дел од флотата на „ Федекс“, а и Доналд Трамп беше сопственик на приватенг авион „Боинг 727“.

Според  пописот од 2015 година, во светот се уште постојат 69 модели „Боинг 727“ што се во употреба.

Би можело да ве интересира

Легализација на „уличните моцарти“ во Виена

Ана Ололовска

Научници и иноватори предлагаат радикални начини за „повторно замрзнување“ на Арктикот

Ана Ололовска

Виена е најпријатниот град за живеење во светот

Ана Ололовска

Уметнички проект „Арт парк“ во Загреб

Ана Ололовска

ВИДЕО: Делфините им приредија спектакл на туристите кај Валона

Ана Ололовска

Забрана за Мекдоналдс крај историски објект во Рим

Ана Ололовска

Leave a Comment

11 + 8 =