Необичен тренд се појави во естетската хирургија – жените бараат намалување и преобликување на стапалата, поради што и го доби името „Пепелашкина операција“.
Ваквата операција обично вклучува скусување или продолжување на ножните прсти, остранување на делови на стапалото или нивно пополнување со инјекции со масно ткиво, но и менување на обликот на ноктите, „липосукција“ на прстите, како и операција на деформација на петите предизвикани од носење високи потпетици, пишува „Медикал Дејли“.
Пациентките често доаѓаат со желба целосно да им се промени обликот на стапалото за подобро да им стојат скапоцените дизајнерски чевли.
Сепак, лекарите специјализирани за стапала, подијатри и ортопеди изразија загриженост од ваквата мода.
– Пациените кои подлегнуваат на ваква операција мислат дека после 20-минутната операција ќе можат да носат атрактивни чевли, а всушност тие ризикуваат 20 и повеќе години исклучителна болка, рече американскиот лекар, Рок Поситано.