Билети за Драмски театар-Скопје ќе се купуваат и на интернет

Од:

Драмски театар-Скопје  на својата веб-страницаwww.dramskiteatar.com.mk отвори интернет-продавница за билети за сите претстави кои се на тековниот репертоар.

ДТС информира дека за електронското купување, цените на билетите неколку месеци ќе бидат со попуст.

Во соработка со компанијата за мобилни апликаци Кодвел, ДТС создаде и апликација за мобилни уреди преку која може да се дојде до репертоарот и до другите содржини на неговата веб-страница.

Програмата е целосно синхронизирана за мобилните уреди кои користат андроид платформа. Апликацијата е бесплатна и може да се симне од Google Store.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска