Ко-основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, изјави дека САД ја пропуштила својата шанса да ги избегне „мандатните“ затварања затоа што властите не делувале доволно брзо на пандемијата „Ковид-19“.
„Соединетите Американски Држави ја пропуштија оваа можност да го контролираат вирусот без карантинско исклучување“, рече Гејтс за време на програмата „TED Talk“, емитувана на Интернет.
„Не дејствувавме доволно брзо за да имаме можност сега да го избегнеме затварањето, во јануари требаше сите да бидеме вознемирени, вирусот за прв пат беше откриен во декември во Кина“, додаде Гејтс.
Владините претставници низ целата земја ги советуваа или насочуваа жителите во изминатите денови да останат дома во обид да го забават ширењето на коронавирусот ширум САД.
Локалните власти во Калифорнија, Њујорк и Вашингтон Д.С. наредија сите неесенцијални бизниси привремено да останат затворени, како резултат на тие превентивни мерки, невработеноста се зголеми, а пазарите ги почувствуваа првите економски удари.
Американскиот претседател, Трамп во вторникот изјави дека сака бизнисите да се отворат до Велигден, (12 април) за да се ублажат негативните економски влијанија.
Дел од експертите за здравствена заштита во САД широко ги критикуваа овие повици на претседателот, предупредувајќи дека враќањето на луѓето на работа ќе го собори здравствениот систем и ќе доведе до повеќе смртни случаи.
Гејтс призна дека самоизолацијата ќе биде погубна за економијата, но како што рече тој „навистина нема средина или умереност во превенцијата“.
Тој предложи карантин од шест до десет недели.
Гејтс долго време се фокусираше во областа на здравството во рамките на својата работа во непрофитната „Фондација Бил и Мелинда Гејтс“.
Минатата недела, Гејтс беше домаќин на сесијата „Прашајте ме што било“ на форумот за дискусии „Редит“, за да разговара за пандемијата.
Покрај тоа, Гејтс предупреди во говорот посочувајќи го својот „TED Talk“ од 2015 година дека светот треба да се подготви повеќе за пандемии.
„Всушност низ годините инвестиравме многу малку во систем за превенција со епидемии. Ние не сме подготвени за следната епидемија, но сепак останувам оптимист“, рече Гејтс во обраќањето.