Бил Гејтс повторно најбогат според Форбс

Од:

Основачот и извршен директор на „Амазон“ Џеф Безос ја загуби титулата најбогат човек во светот за време на послепладневното тргување во четвртокот, а на негово место повторно дојде ко-основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс.

Акциите на „Амазон“ паднаа за 7 проценти, со што богатството на Безос се намали на 103,9 милијарди американски долари. Ова го стави на второто место меѓу најбогатите луѓе во светот.

Нов број еден е ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, вреден 105,7 милијарди долари.

Бил Гејтс дебитираше на првата листа на милијардери на Форбс во 1987 година со нето вредност од 1,25 милијарди долари. Безос првпат се приклучи на листата на Форбс на 400 најбогати Американци во 1998 година, една година откако Амазон излезе во јавноста, со нето вредност од 1,6 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Сред натпревар фудбалерите легнаа на теренот и од страв не сакаа да станат

Татјана Ташкова

Осумгодишник заработи 26 милиони долари во 2019 година

Татјана Ташкова

ВИДЕО: Мис Нигерија со својата реакција ги инспирира жените ширум светот

Татјана Ташкова

Како едно бебе заврши на суд заради долг од 13.000 евра?

Татјана Ташкова

ВИДЕО: Пијан ракун ги забавуваше посетителите на Божиќен панаѓур во Германија

Татјана Ташкова

Изнајмете „сестра“ за 135 долари: Клиентите ги бираат изгледот и локацијата

Татјана Ташкова