Поранешниот вработен на „Мајкрософт“, Мајк Галос, на „Фејсбук“ објави фотографија од Бил Гејтс, кој чека во ред за да купи хамбургер од синџирот за брза храна „Дикс“ во Сиетл.
„Кога вредиш околу 100.000.000.000 долари, ја водиш најголемата хуманитарна организација во историјата на светот и чекаш во ред за хамбургер, помфрит и кока-кола во ‘Дикс’ како и сите ние… Вака се однесуваат богатите луѓе за разлика од позерите со златните школки во Белата куќа“, напишал Галос под фотографијата што е споделена 14 000 пати.
When you're worth about $100,000,000,000, run the largest charity in the history of the world and stand in line for a…
Posted by Mike Galos on Вторник, 15 јануари 2019
„Бил не сака внимание, но тој е пријателски расположен и сфаќа дека сепак малку е ѕвезда… Јас разговарав со него порано на некои забави, но не го знам доволно за да му пријдам вака“, рече Галос.