Бијонсе со Топшоп потпиша договор, според кој таа и познатиот бренд се рамноправни партнери кога е во прашање новата линија.
Не е тајна дека Топшоп е омилена хај-стрит продавница на убавата Бијонсе.
Нивните фустани, маици, палта и панталони, Бијонсе често ги носи во приватниот живот и ги „рекламира“ на Инстаграм, па затоа не чуди што овој познат британски бренд за соработка одлучил да ја покани познатата пејачка.
Како што јави „Вог“, Бијонсе ќе исфрли нова линија која ќе биде наменета за активности како што се танцување, фитнес и трчање и генерално ќе содржи удобна, но модерна облека за моментите кое се посветуваат на телото и здравјето.
Бијонсе со Топшоп потпиша договор според кој таа и познатиот бренд се рамноправни партнери кога е во прашање новата линија, а Филип Грин од Топшоп нагласува дека не се работи за колекција за Топшоп туку за сосема нов бренд.
– Јас секогаш го сакав Топшоп. Не можам да замислам подобар партнер во развојот на мојот бизнис (Parkwood), изјави Бијонсе.