Пејачката Бијонсе стана ново заштитно лице на марката „H&M“, а нејзините фотографии ќе бидат дел од кампањата за промоција на летната колекција.
– Суперѕвездата Бијонсе е новото лице на нашата летна кампшања! – е наведено на Фејсбук страната на шведската модна марка „H&M“.
Медиумите за соработката шпекулираа во изминативе неколку недели, а потоа строго чуваната тајна случајно ја откри еден од танчерите на пејачката.
Кон крајот на јануари, Бијонсе со својот тим престојувала на Бахами, каде ги сними промотивните фотографии за споменатата кампања.
– Секогаш сум ги сакала „H&M“ и нивниот пристап кон модата. Со оваа кампања се обидовме да ги доловиме сите емоции на една жена низ четирите елементи: вода, оган, ветар и земја. Снимањето беше многу забавно. Се чувствував како да снимам спот – изјавила Бијонсе.