Еден мек и сочен здрав леб …
Потребно е:
4 јајца
100 мл масло
100 мл млеко
1,5 прашок за пециво
200 гр готова мешавина безглутенски брашна
прстофат сол
околу 200 гр свежо кравјо сирење
чери домати
1 лажица масло од тиква
темјан, оригано, рузмарин (по желба)
Подготовка:
– Пенесто изматете ги јајцата и додадете ги сите мокри состојки. На крај додадете ги брашното и прашокот за пециво и убаво измешајте.
– Во тава (27х17 см) обложена со хартија за печење сипете половина од горната смеса.
– На смесата на повеќе места ставете издробено сирење и распоредете ги половинките домати. Посипете со зачински билки, по желба.
– Одогора сипете го остатокот од смесата, израмнете и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 40 минути.