„Бевме грубо излажани“ – став на екипа која работела на конторверзниот филм за муслиманите

Од:

Актерската екипа и персоналот од бројка од 80 луѓе кои биле инволвирани во изработка на контроверзниот фил во кој се исмејуваат муслиманите, а кој предизвика големи побуни во исламскиот свет, изјавија дека биле грубо излажани и доведени во заблуда околу намерата на филмот и изразија сочуство и голема тага што истиот резултираше со насилства.

“Целата екипа и членови на персоналот се крајно вознемирени и се чувствуваат измамени од страна на продуцентот “, рекоа тие во изјавата за Си Ен Ен за филмот “Невиноста на муслиманите.”

“Ние 100% не стоииме зад намерите на овој филм и бевме грубо доведени во заблуда околу неговите намери и цел”, продолжува соопштението, кое беше испратен до телевизиската станица Си Ен-Ен од член на персоналот кој побарал да остане анонимен поради безбедносни причини. “Шокирани сме од драстичното измена на сценариото и лагите што ни беа кажани на сите кои сме вклучени во филмот. Ние сме длабоко потресени и тажни поради трагедиите кои се случија.”

Четворица Американци, меѓу кои и американскиот амбасадор Крис Стивенс, беа убиени во Либија, поради бесот за филмот, во кој се потсмева пророкот на исламот.

Иако нејверојатно зад нападите стои терористичката организација Ал Каеда, како иницијална каписла за протестите рпед американскиот конзулат во Бенгази, се сметаше револтот за филмот во кој пророкто Мухамед е преставен како подржувач на педофилијата и насилствотот врз жените.

Во повикот за кастинг кој бил објавен во јули 2011 година во списанието Бекстејџ и во други публикации, стоело дека работен наслов на филмот е “Пустинскиот воин ” и истиот бил опишан како “историски арапски авантуристички филм лоциран во пустината “.

Актерка во филмот која побарала да остане анонимна, изјавила дека во оригиналната скрипта за филмот не бил вклучен карактерот на пророкот Мухамед. Таа додаде дека таа и другите актери постојано се жалеле дека нивните текстови биле променети.

Продуцентот кој во огласот е идентификуван само како Кем Бејсил наводно им рекол на актерската екипа дек го напишал сценариото затоа што сакал муслиманите да се откажат убивање.

Член на продуцентската екипа рече дека кај себе ја има копијата на оригиналната скрипта со која може да потврди дека таму не се споменува ниту Мухамед ниту исламот.

Новинар од Вал стрит весникот изјави дека успеал да контактира со Кем Бејзил, кого го идентификува како израелско-американски инвеститор во недвижнини кој во телефонски разговор го окарактеризирал неговиот филм како “политички напор за да се сврти вниманието на хипокризијата на исламот.”

“Исламот е рак”, изјавил тој за весникот. “Филмот е политички филм. Тоа не е религиозен филм.”

“Овој човек е тотално анонимен. Во овој момент никој не може да потврди дека има израелско државјанство “, изјави портпаролот на израелското министерството за внатрешни работи Јигал Палмор. “Ниту една израелска институција, владин оддел или канцеларија има каква било инволвираност во ова. Овој човек дејствувал во сопствено име.”- се огласи израелската влада.

Во Египет и Либија, протестантите беа насочени кон мисиите на САд и ја обвинија Америка за филмот. На крајот, амбасадорот Стивенс и три други Американци загинаа во либискиот град Бенгази, иако сосема е јасно дека тој напад не е само поттикнат од филмот.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата