Бетмен доаѓа, ама лемурите ги преполнија благајните

Од:

Додека љубителите на филмот го чекаат долгонајавуваното продолжение на Бетмен, лемурите им отворија многу работа на благајните викендов. Праисториските жители со својот анимиран филм „Ice Age: Continental Drift“ по првото преставување донесоа 46 милиони долари само во САД, со што се најдоа први на листата по заработените пари.

Ова е четвртото продолжение, за првпат направено во 3- де перформанси и веднаш го фрли во сенка суперхеројот Спајдермен, една недела по неговото дебатирање со „The Amazing Spider-Man“.
Сепак за филмаџиите допрва доаѓа бурата, бидејќи наредната недела ќе дојде и човекот лилјак, Бетмен и премиерата на неговиот „The Dark Knight Rises“.

Филмовите од „Топ 10“, посебно првите два на листата, според постигнатата заработка викендов направија милионска бура во кината насекаде во светот.

1. „Ice Age: Continental Drift“ – 46 милиони во САД, 95 милиони долари во останатиот дел во светот;
2. „The Amazing Spider-Man“ – 35 милиони САД, 66.6 милиони долари во останатиот дел во светот;
3. „Ted,” – 22.1 милиони во САД, 9.7 милиони долари во останатиот дел во светот;
4. „Brave“ – 10.7 милиони во САД , 6.5 милиони долари во останатиот дел во светот;
5. „Magic Mike“ – 9 милиони во САД , 3.3 милиони во останатиот дел во светот;
6. „Savages“ – 8.7 милиони во САД , 1 милион во останатиот дел во светот;
7. „Tyler Perry’s Madea’s Witness Protection“ – 5, 6 милиони во САД;
8. „Katy Perry: Part of Me“ – 3.7 милиони во САД,1 милиони во останатиот дел во светот;
9. „Moonrise Kingdom“- 3.7 милиони во САД , 270,000 во останатиот дел во светот;
10. „Madagascar 3: Europe’s Most Wanted“ – 3.5 милиони во САД, 4.6 милиони во останатиот дел во светот.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата