Бесен пилот од авионот избркал 100 недисциплинирани патници- студенти

Од:

Капетанот на една американска авиокомпанија бил толку изнервиран од однесувањето на 100-тина непристојни студенти, што им наредил да го напуштат авионт пред полетување.

Недисциплинованите патници постојано си играле со своите мобилни телефони, а не ги послушале ниту наредбите на капетанорт да седнат на своите места, па толкуго разбеснеле што овој ги истерал надвор пред авионот да полета.

– Се случи нешто сосема невообичаено во нашата работа, бесниот капетан преку разглас им нареди на патниците да седнат на своите места, по што тие не ги послушаа ниту неколкуте повици на стуардесите, соопшти претставникот за печат на компанијата „Southwest Airlines“, додавајќи дека нема никакви навестувања дека инцидентот го предизвикале членовите на екипажот.

Летот од Њујорк за Атланта заради тоа во понеделникот доцнел 45 минута, додека не се симнале непристојните патници и нивните придружници.

Директорот на универзитетот Јешива, чии студенти беа учесници во оваа необична ситуација, смета дека оваа постапка е неправедна и дека посадата на авионот претерала, како и дека верува дека студентите не се виновни.

Овие „несакани патници“ по овој случај биле преместени на алтернативен лет што до крајната дестинација ги однел по 12 часа.

Некои од незадоволните студенти на социјалните мрежи поставиле и фотографии, како и Твитер пораки до медиуските куќи, во кои пишуваат дека „начинот на кој со нив постапала авиокомпанијата е чист скандал“.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска