Главниот град на една од најнапредните држави во светот е полн со приказни од античките времиња. Сепак добар дел од неговата историја погрешно се раскажувала со генерации наназад.
Кои работи мислиме дека ги знаеме за Берлин, а поточно не ги знаеме? Прочитајте неколку главни заблуди и урбани легенди за овој преубав град.
Џон Кенеди сам себе се нарече крофна
„Берлинер“ е навистина крофна и Кенеди за време на посетата на Германија навистина рече „Ich bin Ein Berliner“. Граматички гледано, реченицата, која американскиот претседател ја изговорил е точна (изворниот говорник би го изоставил „ein“, но ни верзијата на Кенеди не е погрешна) и тогаш никој од присутните не помислил дека себе си се прогласил за крофна. Сеедно, некои приказни секогаш наоѓаат пат до оние кои сакаат да ги слушнат, така што Кенеди набрзо стана и остана – крофна.
Пушењето во кафулиња е дозволено
Точно е дека Берлин е отворен град, во кој можете да видите и пробате се и сешто. Но, ова сепак е Германија, која строго забранува пушење во кафулиња, така што нејзиниот главен град не е и не може да биде исклучок.
Донер ќебап е измислен во Берлин
Не е точно, иако и официјалната веб страница на градот тврди дека е така. Човекот по име Кадир Нурман почнал да продава ќебапи во Берлин од 1972, но тоа не беше ништо друго туку прилагодена верзија на јадењето, кое се споменува од европските патеписи од 19-от век.
Жителите се некултурни
Во прашање е само стереотип. Точно е дека се директни и без влакна на јазикот, некогаш дури и надвор од вообичаените норми, но голем број туристи сметаат дека не е вистина дека се непристојни.
Градот е релативно мал
Географски гледано е огромен. Берлин е девет пати поголем од Париз. Да, добро прочитавте – девет и неговата површина одговара на површината на Бангкок.