Бело чоколадо со сушени овошја. Вистински деликатес.
Потребно е:
500 гр бело чоколадо (квалитетно)
125 гр сушен ананас, ситно исечкан
125 гр сушени кајсии, ситно исечкани
125 гр сушена брусница
125 гр сушени цреши
текила (за натопување)
Подготовка:
– Посебно, потопете ги парчињата овошје во текила. Потопувањето зависи од тоа колку време имате на располагање, но се препорачува тоа да биде два часа, за да може текилата убаво да навлезе во овошјата и да ги омекне.
– Кога ќе омекнат, со рака исцедете ги и ставете ги да се сушат на кујнска хартија.
– Чоколадото растопете го на пареа.
– Во тавче за печење ставете хартија за печење. Распоредете ги овошјата и врз нив претурете го белото чоколадо. Ставете да се замрзне.
– Пред сервирање, искршете го на парчиња.