Барселона и натаму рај за џепчиите

Од:

Барселона е град, во кој постои најголема веројатност да бидете ограбени, таксистите да ви наплатат повеќе, отколку што навистина ќе ве чини возењето и да станете жртва на некоја друга измама, покажа најновото истражување.


Иако ова истражување ги опфатило само англиските туристи и некои други истражувања потврдија дека Барселона е град, во кој внимателно морате да ги чувате своите паричници.


Новото англиско истражување опфати две илјади туристи и каталонската престолнина ја смести повторно на врвот на листата градови, во кои треба да се внимава на џепчиите и измамниците, пред Париз, Рим и Амстердам. Ова е најочигледно во најпопуларната улица Рамблас, во центарот на градот, која во текот на целиот ден е „отворена уметничка бина“ и вистински магнет за илјадници туристи, кои мошне често се измамени.


Градското метро е исто така едно од местата на кое туристите по доаѓањето во Барселона се советуваат особено да внимаваат.


Истражувањата покажале дека речиси седум проценти од британските туристи, кои патувале во странство во изминатите две години биле жртва на некој вид на измама, а освен Барселона, како најризичен град, зачестени напади врз странски туристи се забележани и во Париз пред музејот Лувр, како и во Рим, каде измамниците претежно биле малолетници и деца.


Истражувањето, чии резултати се објавени оваа недела, покажува дека Англичаните се на врвот на листата на измамени туристи, со околу 60 долари по патување, а освен џепчиите, една од најчестите измами е плаќањето на напумпани цени за такси услугите.


Топ 10 десетинации во кои туристите пријавиле најмногу измами:


1. Барселона


2. Париз


3. Рим


4. Амстердам


5. Истанбул


6. Мадрид


7. Прага


8. Венеција


9. Даблин


10. Единбург.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска