Бармен куп во Гевгелија

Од:

Седмото издание на „Вигор Бармен“ купот, најголемиот натпревар во подготвување коктели во Македонија, почна денеска во казиното „Фламинго“ во Гевгелија.

На дводневниот настан учествуваат повеќе од триесет коктел мајстори од целата држава кои ќе се натпреваруваат во две категории. Во првата категорија приготвениот коктел ќе се оценува по вкус и изглед, а втората категорија претставува натпревар за барменски акробации и атрактивно подготвување коктели.

Натпреварувачите ќе ги оценува жири комисија составена од коктел стручњаци од Хрватска, меѓу кои се наоѓа и хрватскиот шампион Карло Дамјаниќ,освојувач на четвртото место на Светското првенство.

Организаторите на настанот потенцираа дека основна цел на натпреварот е коктел културата да се издигне на повисоко ниво и да си го заземе вистинското место во Македонија.

Би можело да ве интересира

Во Велес се одржува 11. „Вигор Бармен Куп“

Ана Ололовска

Македонија утре го избира најдобриот бармен

Наум Локоски

Бронзен медал за Македонија на Светското првенство за бармени

Ана Ололовска

Методи Перунковски и Александар Бошев најдобри бармени во Македонија за 2015. година

Ана Ололовска

Државно првенство за бармени во Охрид

Ана Ололовска

Во Охрид утре 8-то Државно првенство за бармени

Ана Ололовска