Бронзен медал за Македонија на Светското првенство за бармени

Од:

Од 62 земји учеснички на World Coctail and Flairtending and Competirion, Методи Перунковски го освои третото место на Светското првенство за бармени, за коктелот Enjoying sunset во категоријата Sparkling coctail. Првенството се одржува во Софија, од 10 до 15 октомври.

Како што соопштија од  Здружението на бармени на Македонија (ЗБМ), ова е втор бронзен медал за Перинковски од пет учества на светските првенства.

– Ова е голем напредок за една мала земја како Македонија. Ова ни е најголемиот подарок за десеттиот роденден на Здружението на бармени на Македонија. Горд сум што имаме бармен како Мето, исто како да сме земале прво, вели Дарко Ангелески, претседател на ЗБМ.

Првичните честитки беа упатени од овогодинашниот домаќин и голем пријател на ЗБМ, Здружението на бармени на Република Бугарија.

– Драго ми е што Македонија се пласираше во првите три места, за нив беше неочекувано, но можам да кажам заслужено. Се надевам дека наредната година во Токио ќе имаат подобар пласман, изјави Пенчо Пенчев, претседател на Здружението на бармени на Република Бугарија.

Носителот на бронзата Перунковски порачува дека третото место за Македонија ќе ги поттикне сите кои се занимаваат со оваа уметност и дека ќе го добијат вистинското внимание кое го заслужуваат.

– Неверојатно е искуството дома да се вратиш со медал, по втор пат. Се надевам дека сите наши момци и девојки кои се занимаваат со оваа неверојатна уметност, миксологија на вкусови и мириси, конечно ќе го добијат вистинското внимание, затоа што заслужуваат, истакнува Перунковски.

Би можело да ве интересира

Во Велес се одржува 11. „Вигор Бармен Куп“

Ана Ололовска

Македонија утре го избира најдобриот бармен

Наум Локоски

Бармен куп во Гевгелија

Ана Ололовска

Методи Перунковски и Александар Бошев најдобри бармени во Македонија за 2015. година

Ана Ололовска

Државно првенство за бармени во Охрид

Ана Ололовска

Во Охрид утре 8-то Државно првенство за бармени

Ана Ололовска