Во Охрид утре 8-то Државно првенство за бармени

Од:

Триесет бармени од целата земја ќе учествуваат на осмото по ред Државно првенство на бармени на Македонија што утре ќе се одржи во кафе-барот „Ликвид“ во Охрид.

Во борбата за титулата тие ќе се претстават во две категории – класична подготовка на коктели и т.н. „флертендинг“. Првата категорија подразбира претставување на натпреварувачите со свои авторски коктели чија техника на приготвување, изглед, вкус и арома ќе ги оценува стручна комисија составена од експерти од земјата и странство. Во втората категорија, учесниците исто така ќе се претстават со свој авторски коктел, што ќе го приготвуваат со акробациски движења и елементи на жонглирање со барска опрема.

Според пропозициите на натпреварувањето, кандидатите ќе започнат со квалификации во кои секој ќе се претставува со свој коктел и ќе се бори за пласман во финалето, каде има место за 12-те најдобри. Инаку, во финалната фаза бармените за титулата ќе се борат пред изменет судиски состав.

Во рамките на Државното првенство во Охрид ќе се одржи и едукативен семинар за учесниците, а темата е „Мастерклас Diageo Reserve by Soul Shakers“, со предавачи победници на светски манифестации, како и судии на национални и меѓународни натпревари.  Целта на семинарот е да се едуцираат натпреварувачите за вискито воопшто, како и да се разбијат табуата дека вискито се пие само чисто.

Победниците на годинешното првенство автоматски обезбедуваат учество на Светското првенство на бармени што ќе се одржи во Софија, Република Бугарија. Инаку, покрај натпреварувачкиот карактер, таквите манифестации се добра можност за унапредување на знаењата и познавањата во областа, оттаму што на светските собири семинарите ги водат најеминентните имиња во професијата.

–  Ова светско збиднување, до сега е најблиску до територијата на Р. Македонија, затоа годинава имаме единствена можност да ги пратиме најдобрите од Македонија, а да проследиме повеќе од 60 земји од светот како на уникатен, креативен и иновативен начин го претставуваат најдоброто од себе, изјави Дарко Ангелески, претседател на Здружението на бармени на Македонија.

Би можело да ве интересира

Во Велес се одржува 11. „Вигор Бармен Куп“

Ана Ололовска

Македонија утре го избира најдобриот бармен

Наум Локоски

Бронзен медал за Македонија на Светското првенство за бармени

Ана Ололовска

Бармен куп во Гевгелија

Ана Ололовска

Методи Перунковски и Александар Бошев најдобри бармени во Македонија за 2015. година

Ана Ололовска

Државно првенство за бармени во Охрид

Ана Ололовска