Барбери нема да ја пали непродадената облека

Од:

Британскиот луксузен моден бренд „Барбери“ денеска соопшти дека нема повеќе да ја плати непродадената стока, ниту да користи природно крзно во своите колекции.

Компанијата истакнува дека сака да стане општествено и еколошки одговорна, откако призна дека минатата година запали стока вредна 28,6 милиони фунти.

– Современиот луксуз значи да се биде социјално и еколошки одговорен. Тоа е клучно за нашиот долгорочен успех, изјави извршниот директор Марко Гобети.

Оваа британска модна куќа минатата година уништи непродадена облека, модни додатоци и парфеми во вредност од 28,6 милиони фунти, за да го заштити својот бренд. Вкупната вредност на уништените производи на „Барбери“ во изминатите пет години изнесува околу 90 милиони фунти.

Уништувањето на производите компанијата го оправда со појаснување дека се штити од кражба или продажба по пониска вредност.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски