Властите во Бангкок забрануваат продажба на храна на улица.
Мерката веќе стапи на сила и до крајот на годината ќе важи за целиот град, објавија локални медиуми.
– Со мерката ќе бидат погодени сите 50 области во главниот град на Тајланд, изјави Ванлоп Суванде, главен советник на градоначалникот на Бангкок.
Со мерката од денеска е забранета продажба на храна на улици во три популарни области – Тонг Лор, Екамаи и Пра Канонг.
Според него, чистотата и безбедноста на улиците во градот се приоритет за властите.
Втора година по ред Бангкок беше прогласен во март за светска топ дестинација за улична храна, според Си-Ен-Ен.