Балканците меѓу 16 најпаметни луѓе во светот

Од:

На листата на 16 луѓе со највисок коефициент на интелегенција во светот се наоѓаат двајца Хрвати, еден Босанец, и еден Грк кој е на првото место. Доктор Џејсон Бетс го креираше светскиот интернет лексикон на генијалци во кој се најдоа најинтелегентните луѓе во светот.

Меѓу 16 со највисок коефициент на интелегенција се најдоа Хрватот Иван Ивец (IQ 169) и Мислав Предавец (IQ 192),како и Босанецот Ведран Глишиќ (IQ 175).

Листата ја предводи Гркот Евангелос Катсиоулис чиј коефициент на интелегенција 1 198. Работи како психијатар и има три дипломи-по филозофија, по медицински истражувачки технологии и психофармакологија.

Просечните резултати на тестовите за интелегенција изнесува 100, а кај мнозинството луѓе IQ се движи помеѓу 85 и 114. Секој резултат над 140 се смета за висока интелегенција. Тие што имаат резултат над 160 се нарекуваат генијалци.

Листата на луѓе со највисок коефициент на интелегенција изгледа вака:

1. Гркот Евангелос Катсиоулис има IQ 198. Работи како психијатар.

2. Американецот Rick Rosner има IQ 192. Неколку години работел како стриптизер.

3. Хрватот Мислав Предавец има IQ 192. Предава математика во Загреб.

4. Американецот Kenneth Ferrell има IQ 190. Тој е лекар во САД.

5. Германецот Patrick Zimmerschied има IQ 178. Студира филозофија и политикологија.

6. Австралијанецот Tim Roberts има IQ 178. Работи како раководител во отсекот за компјутерски науки.

7. Lee HanKyung од Јужна Кореја има IQ 177.

8. Јапонецот Tadayuki Konno има IQ 176.

9. Австралијанецот Peter Rodgers има IQ 175. Тој е физичар и поет.

10. Ведран Глишиќ од БиХ има IQ 175. Се занимава со експериментална музика.

11. Индиецот Santanu Sengupta има IQ 174.

12. Швајцарецот Marc Nydegger има IQ 171. Тој е научник и дизајнер на игри.

13. Британецот Mick Dempsey има IQ 171. Има диплома по форензичка психологија.

14. Шпанецот Jorge del Fresno Viejo има IQ 170.

15. Италијанецот Gaetano Morelli има IQ 169. тој е инженер.

16. Хрватот Иван Ивец има IQ 169, предава напредна математика.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска