Без разлика дали станува збор за љубителите на морето и сонцето, на ноќниот живот или јогата, десет години по терористичкиот напад врз двата ноќни клуба на Бали, туристите од целиот свет повторно доаѓаат на овој индонезиски остров.
Во јужниот дел на Бали е се зафатено. Премногу патници на малиот аеродром, се пробиваат низ тесните премини блокирани подари изградбата на новиот терминал. Колони такси возила и мопеди се пробиваат полека кон турустичкиот центар Куте, каде се гради плажа долж новоизградените хотелски комплекси.
Кризата не се чувствува. Само споменикот на местото на поранешниот клуб Педис потсетува на тоа дека исламистичките фундаменталисти на 12 октомври 2002 година ги кренаа во воздух ноќните клубови, кои беа многу посетувани. Според официјалните податоци тогаш животот го загубија 202 лица. Стотици метри понатаму, лесно облечени туристи со коктели во рацете играат на терасата на клубот Падис Рилоудид.
– Бали е како коцка шеќер, а таму каде има шеќер има и мравки, вели претприемачката Кок Ратих, која во своето родно место пораснала со туристи. „Шеќерот“ претставуваат километри долгите бели песочни плажи со перфектни бранови, свежи зелени полиња со ориз, кои се протегаат до моќните вулкани, како и единствената комбинација на хиндуистичката религија со древната култура, која во секојдневниот живот се задржала до денес.
– Нашите традиции се одржале до денес благодарение на туристите, истакна Ратих, која некогаш и самата била танцувачка во локалните храмови.
Бали е хиндуистичка енклава во Индонезија, земја со најголем процент на муслиманско население во светот, а 80 проценти повеќе од 3,9 милионите жители на Бали зависат до туризмот. Кога овој т.н. „Остров на боговите“, поради бомбашките напади пред десет години го загуби својот дотогаш сигурен извор на главни приходи, иднината изгледаше „црна“ не само за хотелиерството и туристичките претпријатија, туку и за голем број локални уметници, танцувачки трупи и продавачите на сувенири.
Оттука биле неопходни промени. – Голем број жители на Бали морале повторно да ја откријат душата на својата земја. Потребен ни е квалитетен туризам, изјави Ида Ају Агунг Мас. Многумина ја исмејуваа оваа ќерка на свештеник, кога пред 20 години основаше еколошки и социјален центар во близина на културниот центар Убуда. Исто така обучила и неквалификувана работна сила во едно село.
Бали денес е преполн со такви еколошки центри, при што поддршката на селските заедници претставува прашање на добар вкус, баш како и постоењето на биофарми или курсеви за јога и медитација. Особено откако филмот „Јади, моли се уживај“, со Џулија Робертс беше снимен на Бали, Убуд стана место на поклониците на езотеријата од целиот свет. Најважниот настан на годината претставува Бали Спирит Фестивалот, кој го посетуваат десетици илјади лица, кога ова место се претвора во огромен камп за јога.