За сите сладокусци …
Потребно е:
1/2 кг тенки кори за баклава
1/2 кг шеќер
сок од 1/2 лимон
400-500 гр мелени ореви
200 гр суво грозје
1/2 л масло
1 кесичка црн чај
Подготовка:
– Прво подгответе го шербетот. Во сад на рингла ставете да се растопи 1 лажица шеќер (да се карамелизира). Додадете 1/2 л вода, 1/2 кг шеќер и сок од 1/2 лимон. Сварете го шербетот додека да се згусне. Во шербетот ставете 1 кесичка црн чај да стои околу 5 минути и потоа извадете ја. Оставете го шербетот да се излади.
– Тавата од рерна премачкајте ја со масло на дното и страните.
– Ставете 2 кори, премачкајте ја горната кора со масло и рамномерно филувајте ја со ореви и суво грозје.
– Постапката повторете ја додека да ги потрошите сите состојки. Последните 2 кори убаво премачкајте ги со масло и испрскајте ги со вода.
– Баклавата исечете ја на парчиња со големина по желба, но не до дното на тавата.
– Сипете масло во сите засеци и ставете да се пече во загреана рерна на 150 целзиусови степени.
– Кога ќе порумени (после 30-40 минути) извадете ја од рерна и веднаш прелијте ја со изладениот шербет. Покријте ја со фолија додека да се излади.