Баклава со бисквити, ореви и чоколадо

Од:

За сите љубители на парени слатки …

Потребно е:
500 гр дебели кори за пита
100 гр чоколадо во прав
200 гр мелени ореви
300 гр мелени бисквити
200 мл кисело млеко
300 гр шеќер
300 мл масло
3 јајца
300 мл газирана минерална вода
1 прашок за пециво

за преливот:
1 лимон
700 гр шеќер
800 мл вода
20 гр ванилин шеќер

Подготовка:
– Во еден сад соединете ги бисквитите, оревите, чоколадото во прав, киселото млеко, шеќерот, прашокот за пециво, јајцата, маслото и газирана минерална вода.

– Тавата за печење со димензии 25х40 см премачкајте ја со масло. Загрејте ја рерната на 200 целзиусови степени.

– На дното на тавата ставете две кори една преку друга, потоа нанесете од филот. Над филот ставете кора и повторно од филот. Сега пак кора и повторно фил. Истата постапка повторувајте ја додека не го потрошите целиот материјал.

– Целата постапка завршете ја со две кори на кој нема да ставите фил.

– Вака подготвената баклава исечете ја на коцки и ставете да се пече во загреана рерна. Печете ја 40-тина минути, додека убаво не порумени. Печената баклава оставете ја убаво да се излади.

– Во меѓувреме направете го преливот. Во сад на рингла ставете ги сите состојки за баклавата. Лимонот исечете го на тркалца. Од моментот кога ќе почне да врие, варете го 5 минути и тргнете го од рингла.

– Со врел прелив прелијте ја зладената баклава. Оставете баклавата да го впие преливот, секоја коцка исечете ја на два тријаголника и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска