Баклава мафини

Од:

Потребно е:
за мафините:

200 гр брашно
1 лажиче прашок за пециво
1/2 лажиче сода бикарбона
2 јајца
250 мл млеко
100 гр маргарин
100 гр сецкани ореви
1 1/2 лажиче цимет
половинки ореви, за декорација

за шербетот:
500 гр шеќер
300 мл вода

Подготовка:
– Со миксер изматете ги маргаринот и јајцата. Потоа додадете го брашното со прашокот за пециво и сода бикарбона во него. На крај додадете го млекото и убаво изматете за да добиете хомогена смеса. На крај додадете ги сецканите ореви и циметот.

– Смесата сипете ја во силиконски калапи за мафини и ставете да се печат во претходно загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 30 минути.

– Додека се печат мафините, подгответе го шербетот, односно во тенџере на рингла ставете ги водата и шеќерот да се варат. Кога водата ќе проврие, варете го шербетот уште 2-3 минути и тргнете го од рингла.

– Печените мафини откако малку ќе се изладат извадете ги од силиконските калапи и ставете ги во подлабок сад.

– На секој мафин ставете половина орев во средината и потоа прелијте ги со врелиот шербет.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска