Автобус на Елвис Присли продаден за 268.000 долари

Од:

Автобус, кој во 1976 година го купил Елвис Присли за потребите на неговата тогашна турнеја, е продаден на аукција во Њујорк за цена од 268.000 долари.

Како што соопшти аукциската куќа „Џулианс Окшанс“, автобусот може да прими 12 патници и е опремен со девет кушет-кревети, телевизор, микробранова печка, клима уред, фрижидер и звучници.

На таванот на автобусот се поставени лустери, а на надворешната страна е изпишано: „Јас се грижам за се“.

Во една прилика во Портланд дури и самиот Елвис го управувал овој автобус, се додава во соопштението на „Џулианс Окшанс“.

Покрај автобусот, на аукцијата се продадени уште над 200 предмети што му припаѓале на „кралот на рокенролот“. Така неговата воена униформа е продадена за 48.000 долари, а плоча со песната „Love me tender“ на чија опаковка Елвис напишал посвета за мајка му, на аукцијата достигна цена од 125.000 долари.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ана Ололовска