Австралиската убавица Миранда Кер е подготвена да го каже судбоносното „да“, дури и покрај негативното искуство со нејзиниот прв брак со холивудскиот актер Орландо Блум, кој заврши неславно.
Веста дека Миранда Кер веќе неколку месеци се забавува со седум години помладот милијардер Иван Шпигел е стара, но дека двојката одлучиле врската ја направат сериозна, први открија папараците.
Убавата Миранда беше фотографирана на црвениот килим на доделувањето на Греми наградите и папраците веднаш забележале дека на раката носи прстен кој до тогаш не го носела, по што таблоидите многу брзо заклучиле дека прстенот може да биде веренички.
Додека таблоидите шпекулираа дали убавицата се верила или не, Миранда само коментираше дека прстенот е убав „моден детал“.
Избраникот на Миранкда, Иван Шпигел има 25 години и се прослави како автор на апликациајта „Снепчат“.