Авокадо паста салата

Од:

Брза салата или пак комплетен оброк …

Потребно е:
за преливот:
60 мл маслиново масло
2 полни лажици сенф
2 полни лажици мед
сок од лимон
1/2 лажиче сув естрагон
1/4 лажиче морска или хималајска сол
1/4 лажиче свежо мелен бибер

за паста салатата:
300 гр интегрална салата
100 гр млад грашок
1 чешне лук, ситно сецкано
4 млади кромидчиња
1/2 црвена пиперка бабура
1/2 жолта пиперка бабура
2 полни лажици ситно сецкан свеж магдонос
2 поголеми зрели авокада

Подготовка:
– Сварете ја пастата според упаството на пакувањето. Додека се вари пастата подгответе го зеленчукот.

– Пиперките исецкајте ги на тенки ленти, авокадото на коцки, младите кромидчиња ситно исецкајте ги, грашокот исчистете го и ставете го да се вари при крај на варењето на пастата.

– Направете го преливот. Во еден сад ставете ги сите состојки за преливот и изматете со вилушка.

– Сварената паста исцедете ја, прелијте ја со ладна вода и оставете повторно да се исцеди.

– Во поголема чинија за сервирање ставете ја пастата, грашокот, авокадото, лукчето, исечените пиперки и кромид и пшрелијте со преливот. Измешајте и ставете ја салата аво фрижидер убаво да се излади пре да ја послужите.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска