Авиокомпанијата „Норвижан“ нуди најмногу услуги за најмалку пари

Од:

Патувањето со авион никогаш не е евтино. Меѓутоа, цената на патување постојано се намалува, па агенциите веќе почнаа и со рангирање на компаниите кои нудат најдобро искуство за најмалку пари.

„Скајскенер“ интервјуираше 4.000 патници во Велика Британија за да открие која авиокомпанија, според нив, нуди најдобра вредност за дадените пари.

На прво место се најде „Норвижан“, авиокомпанијата што во последно време многу често се појавува на сите страни. Норвежаните вниманието врз себе го свртеа во октомври кога компанијата најави супер евитни долги летови од лондонскиот аеродром „Гетвик“ до САД. Овие летови треба да почнат во јули по цена од 50 долара.

На второ место се најде „ИзиЏет“, по која следат „Бритиш Ервејз“, „Џет 2“ и „Монарх“.

„Бритиш Ервејз“ е единствeната авиокомпанија од петте спомената што не лета по ниска тарифа.

И покрај промените на некои од контроверзните правила и пракси, сепак, на оваа листа не се најде и познатиот нускобуџетен авиопревозник „Рајанер“.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска