Авиокомпанијата „Изи џет“ по грешка одложила лет за 86 години

Од:

Нискобуџетната компанија „Изи џет“ откажала еден лет, а потоа на патниците им соопшти дека за следниот лет мораат да почекаат 86 години.

Откако им било откажано полетувањето од Женева, 130-те патници кои имале резервирани билети за летот 8485 на „Изи џет“, добиле порака дека мораат да останат приземјени подолго од осум децении.

Пораката што ја добиле гласела: „Сакаме да Ве информираме дека ќе летате со авионот 9485 во 11 часот по локално време на 29.07.2099“.

Авиокомпанијата се извинила заради „големата непријатност“ и изразила надеж дека патниците во иднина ќе и „дадат уште една шанса“.

Во соопштението од компанијата се наведува дека за ова одложување на летот е виновно „лошото време“, што значи дека патниците немаат право на компензација, но затоа имаат право на храна, ноќевање во хотел и два меѓународни повици секој ден во текот на одложувањето.

Да не стануваше збор за грешка, „Изи џет“, според правилата, ќе требаше на секој патник само за оваа цел да му исплати по седум милиони фунти отштета.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска