По притисок на синдикатот, авиокомпанијата „Катеј Пацифик Ервејз” од Хонг Конг им дозволи на стјуардесите да бираат дали на работа ќе носат здолништа или панталони.
Стјуардесите од компанијата се жалеа дека во своите „работни здолништа“ не се чувствувале пријатно… Особено, како што велат, кога го сместуваат рачниот багаж над седиштата, кога здолништето се поткрева и открива повеќе отколку што треба.
Меѓутоа, за панталоните да ги заменат здолништата, стјуардесите можеби ќе мора да чекаат и три години, додека да стигне новата нарачка на компанијата.
– Го цениме тоа што компанијата одлучи да ни дозволи избор на униформата, рече Полина Мак, претседателка на синдикатот.
Правилото коешто на стјуардесите им наложува да носат здолништа, важи од самото основање на компанијата во 1946 година. Притисокот тоа да се промени, се заостри откога движењето #MeToo ce рашири низ цел свет.
– Оваа промена не ни носи само избор, туку и заштита од сексуално вонемирување, додаде Мак.
Голем број авиокомпании се уште не им дозволуваат на стјуардесите да носат панталони.