Аушвиц под наезда од туристи-вандали

Од:

Туристите кои го посетуваат Аушвиц впишуваат непримерени пораки на креветите на кои затворениците спиеле и крадат „сувенири“ од некогашниот нацистички концентрационен логор.

Раководителите на ова место, каде во текот на Втората светска војна животите ги загубија повеќе од милион луѓе, се беспомошни пред наездата од туристите-вандали.

Некои посетители се потпишуваат на ѕидовите и креветите, а еден дури напишал „Пушев овде“. Некои краделе делови од бодликавиот тел, па дури и делови од озлогласената пруга по која затворениците доаѓале во логорот.

Извештаите на фрустрираните работници во музејот, водечкиот полски историчар Антони Дудек ги оцени како „шокантни“, а кражбите и вандализмот како „варварски“

Во еден период имаше идеја за вградување бебедносни камери со цел на време да се забележат таквите активности, но експертите сметаат дека на тој начин ќе се наруши  „автентичноста“ на Аушвиц.

Зборувајќи за однесувањето на посетителите, Пјотр Цивински, директор на музејот, вели: „Не се тоа секогаш млади луѓе. Некогаш дури и наставниците и странските туристи земаат работи“.

Логорот е голем и има повеќе од 150 згради, па персоналот не може во секој момент да ги контролира сите негови делови.

Иако звучи помалку неверојатно, но уште во 2009 година крадците од Полска ја украдоа плочата од влезната капија на која пишува „Arbei Macht Frei“ (работата ослободува). Кражбата беше оценета како „сквернавење“ на музејот, но подоцна беше  пронајдена и вратена на своето место.

Комплексот, што се состои од две области: Аушвиц 1 и Аушвиц 2 – Биркенау, на почетокот беше дом на полските политички затвореници, но од пролетта 1942 година станува најголемото место за страдањата на Евреите.

Повеќе од 1.100.000 мажи, жени и деце ги загубија животите на ова место.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска