Благодарение на успехот на бродвејскиот мјузикл „Хамилтон“, аукциската куќа на „Сотбис“ очекува документите и оставината на Александар Хамилтон да достигнат прилично солидна цена, поголема од почетната.
Музичкиот спектакл, меѓу другото, освои и Пулицерова награда, „Греми“ и рекорден број номинации на овогодишното доделување на наградите „Тони“, вкупно 16.
Се работи за биографски мјузикл за еден од основачите и уставотворците на САД, Александар Хамилтон, кој живеел во 18 век и кој бил прв американски министер за финансии во историјата.
Меѓу понудените предмети се љубовни писма на Хамилтон до неговата сопруга Елиза. Се предвидува тие да достигнат цена од 15.000 до 20.000 долари.
Едно од нив содржи и прамен од косата на американскиот државник и тоа се очекува да биде продадено за 25.000 долари.