Астрономите ја снимиле новата огромна планета „супер Јупитер“

Од:

Научниците со помош на инфрацрвена светлина успеале да ја снимат новата планета, што ја нарекле „супер Јупитер“, но се уште не се сосема сигурни дали станува збор за планета или за ѕвезда, соопшти НАСА.

Иако досега се откриени стотици планети кои кружат околу друга ѕвезда, па и поголем број ѕвездени системи со повеќе планети, само мал број од нив се директно снимени, како што е случајот со „супер Јупитер“.

Новооткриената планета кружи околу ѕведата Капа Андромеда, во соѕвездитето Андромеда. Планетата е 13 пати помасивна од Јупитер, има маса поголема за 2,5 пати од Сонцето и од Земјата е оддалечена 170 светлосни години.

Ѕвездата Капа Андромеда е релативно млада, бидејќи научниците ја проценуваат на околу 30 милиони години, за разлика од Сонцето чија старост се проценува на околи пет милијарди години.

„Супер Јупитер“ е фотографирана од телескоп на Хаваите, во инфрацрвениот дел од спектарот, на начин што тие го прекриле дискот на ѕвездата за да се намали нејзиниот сјај и планетата да стане видлива.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата