Асанте пристигна во Србија за снимање на продолжението на „Монтевидео“

Од:

Познатиот американски актер Арманд Асанте пристигна во Србија за снимање на вториот дел од филмот „Монтевидео“ на српскиот режисер Драган Бјелогрлиќ, соопшти денеска продуцентската компанија „Интермедија нетворк“.

Асанте ќе ја игра улогата на американски фудбалски менаџер од 1930 година.

Првите негови сцени во српскиот филм беа снимени за време на престојот на филмската екипа на шпанскиот остров Тенерифе.

По краткиот вчерашен престој во Белград, Асанте замина на снимање во Црна Гора, а потоа повторно се враќа во Србија.

При вчерашното пристигнување на аеродромот во Белград Асанте изјави дека на снимањето на „Монтевидео“ царува вистински дух на единство и љубов.

-Точно тоа ми остави впечаток и ме привлече, изјави актерот.

Продолжението на фудбалската сага за учеството на југословенската националена репрезентација на Првото светско првенство во Монтевидео во 1930 година последните денови се снимаше на реконструираниот стадион во Парачин. Во моментов снимањето е префрлено на црногорското крајбрежје, од каде екипата ќе замине за Белград, а подоцна и во италијанскиот град Трст.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата