Арт ен Деко-нова колекција на Ристовска за 20 годишниот јубилеј

Од:

Модната креаторка Антонија Ристовска синоќа во Скопје ја претстави својата нова колекција пролет/лето 2014 со којашто го одбележа и 20 годишниот јубилеј од својата работа.

– Во создавањето ме водеше потребата за промена и за нов модерен изглед на жената од денешницата. Промената што е предизвикана од Арт Деко движењето, како архитектура на орнаменти, геометрија, енергија, ретроспектива, оптимизам, боја, текстура, светлина и некогаш дури и како симболизам. Во креациите се забележува тродимензионалност, искажана длабочина и текстура во самите апликации. Кроевите ја нагласуваат женственоста изразена преку строги и меки линии. Изразени се контрасти во комбинирањето на боите и материјалите, вели Ристовска за колекцијата.

Стилски колекцијата е минималистичка и е во духот на 60-тите и 80-тите години. За колекцијата се изработени и брендирани копчиња и парчиња накит.

Ристовска  досега има дизајнирано 20 колекции и организирано 15 ревии во Македонија, Косово и во Турција.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски