Вкусно, сочно, ароматично …
Потребно е:
1 пиле околу 1,5 кг
100 гр стар леб
50 мл млеко
3 помали главици кромид
2 чешниња лук
100 гр димени колбаси
3 лажици мелени ореви
1 китка магдонос
200 мл бело вино
1 јајце
масло
малку путер
сол, бибер
3 поголеми компири
Подготовка:
– Лебот издробете го во една чинија и сипете го млекото.
– Помешајте ги солта и биберот и од сите страни втријте ги во пилето.
– Кромидот и лукот ситно исецкајте ги и пропрќете ги на малку масло.
– Колбасите исецкајте ги на тркалца.
– Тргнете ја тавата со кромидот и лукот на страна и додадете ги колбасите, ситно сецканиот магдонос, оревите, натопениот и исцеден леб, сол бибер по вкус и јајцето. Убаво измешајте да добиете хомогена смеса.
– Со вака подготвената смеса наполнете ја внатрешноста на пилето, отворот затворете го со чепкалки за заби, а крилцата и копаните поврзете ги со кујнски конец.
– Пилето ставете го во намастен сад за печење и полијте го со 3-4 лажици растопен путер.
– Ставете го да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 1 час. Од време на време полевајте го со вино и со течноста од садот во кој се пече.
– Во меѓувреме исчистете ги компирите и исечете ги на кришки. Ставете ги во садот во кој се пече пилето и печете ги додека не омекнат.