Ароматично кари пилешко

Од:

Малку поинаков начин на подготовка на пилешко месо …

Потребно е:
400 гр пилешки гради
2 моркови
1 конзерва кокосово млеко
2 лажичиња кари зачин
1 лажиче кумин
1 лажиче куркума
1 лажиче шумбир во прав
1 лажиче слатка мелена црвена пиперка
3 лажици сецкан свеж магдонос
1 лажица сецкан свеж коријандер
прстофат чили во прав
прстофат цимет
сол, бибер

Подготовка:
– Пилешкото месо исецкајте го на коцки, зачинете ги со зачините, додадете масло, измешајте и оставете да стои барам 30 минути.

– Загрејте малку масло во вог тава и додадете го пилешкото месо. Испржете го од сите страни.

– Додадете ги морковите исецкани на кратки стапчиња. Кратко пржете ги и потоа додадете малку вода и оставете да се динста.

– Кога морковите ќе омекнат малку додадете го кокосовота млеко и уште зачини. Варете додека сосот малку да се згусне.

– Додека се вари сосот сварете го оризот. На крај посипете го се сецкан магдонос и коријандер.

– Ова јадење послужете го топло.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска