Фино слатко разладување …
Потребно е:
60 листови од цреша
1 л некое слатко црвено вино
125 мл вотка
150-200 гр шеќер
12 зрна црн бибер
кора од лимон
1 ѕвезда анис
неколку искршени семки од цреша или кајсија
1 стапче цимет
Подготовка:
– Листовите од цреша измијте ги и исушете ги.
– Во поголема стаклена тегла ставете ги листовите од цреша и сипете ги виното и вотката, додадете шеќер, искршените семки од цреша или кајсија, лимуновата кора, ѕвездата анис, зрната бибер и стапчето цимет. Убаво измешајте додека да се растопи шеќерот.
– Теглата ставете ја на темно и суво место и секој ден протресувајте ја за да се растопи шеќерот.
– После 6-7 дена отворете ја теглата и за тие кои не го сакат силниот вкус на зачините може да го процедат виното од зачините. Ако не ви смета оставете ги зачините во виното.
– Вака подготвеното вино може да стои дури една година ако го чувате во фрижидер.
– Послужете го со неколку коцки мраз, затоа што вака подготвеното вино има многу силна арома и вкус.