Ароматични есенски палачинки со тиква

Од:

Интересен спој на зачини, им даваат на овие палачинки неверојатен вкус …

Потребно е:
350 гр брашно
6 лажици кафеав шеќер
2 лажичиња цимет во прав
1 лажиче ѓумбир во прав
1 лажиче рендано морско оревче
2 прстофата каранфилчиња
20 гр (4 лажичиња) прашок за пециво
1/2 лажиче сол
320 гр пире од тиква
450 мл млеко
2 јајца
4 лажици растопен путер

за филот:
150 мл грчки јогурт
4 лажици шеќер во прав
50 мл слатка павлака
по желба мед за полевање на палачинките

Подготовка:
– Во еден сад измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за пециво, циметот, ѓумбирот, морското оревче, мелените каранфилчиња и солта.

– Во друг сад измешајте ги пирето од тиква, млекото, јајцата и растопениот путер.

– Во смесата со пире од тиква додадете ја смесата со брашно и полека измешајте за да се соединат сите состојки.

– Подгответе го филот, измешајте го јогуртот со шеќерот во прав и додадете ја слатката павлака. Убаво измешајте со маталка и ставете го во фрижидер со сервирањето.

– Во загреана тава на рингла на средна температура ставете по 1,5 лажица од смесата за секоја палачинка и испечете ги. Превртувајте ги кога ќе биде долната страна печена и оставете и другата срана да се испече.

– Печените палачинки премачкајте ги со филот и по желба прелијте ги со мед.

– Сервирајте ги топли.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска