Ароматичен колач со мед и бадеми

Од:

Превкусен традиционален колач со фин вкус на мед и бадеми …

Потребно е:
за тестото:
480 гр брашно
5 лажици мед
2 кесички ванилин шеќер
50 мл топло млеко
1 коцка свеж квасец
1 лажиче шеќер
3 јајца

за филот:
250 гр чоколадо за готвење
250 гр бадеми
2-3 лажици мед
2-3 лажици какако во прав

Подготовка:
– Во топлото млеко измешајте го квасецот заедно со 1 лажиче шеќер и оставете го да стаса.

– Брашното ставете го во еден подлабок сад и во средината направете дупка. Во дупката искршете ги јајцата и сипете го млекото со стасаниот квасец. Измешајте убаво. Додадете го медот и ванилиниот шеќер и замесете тесто. Тестото вратете го во садот, покријте го со крпа и оставете го малку да нарасне околу 30 минути.

– Бадемите ставете ги малку во врела вода и потоа излупете им ја лушпата. Оставете ги да се исушат и тостирајте ги во тава на рингла да пуштат мирис.

– Чоколадото истопете го на пареа, додадете го медот, какаото и измешајте. На крај додадете ги и бадемите.

– Тестото поделете го на три дела. Секој дел со сукало развлешете го во форма на правоаголник.

– Филот на секој дел распоредете го на едната страна на тестото и завиткајте ги како ролат. Краевите на ролатите убаво притиснете ги за да не излезе филот надвор.

– Ролатите наредете ги во тава обложена со хартија за печење. Одозгора ставете парчиња путер и ставете да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 30 минути односно додека не добијат убава златно-кафена боја.

– Пред да го послужите посипете го со шеќер во прав и исечете го на парчиња.

Ароматичен колач со мед и бадеми1

 

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска