Ароматичен џем од смокви

Од:

Потребно е:
4 кг зрели смокви
2 кг шеќер
1 лажиче ѓумбир во прав
1 лажиче цимет во прав
1 лажиче мелени каранфилчиња
1 лажиче сок од лимон

Подготовка:
– На смоквите извадете им ја кората. Ставете ги во блендер и измелете ги.

– Помешајте го шеќерот со зачините и сокот од лимон.

– Смоквите ставете ги во длабок широк сад и малку по малку додавајте од мешавината на шеќер и зачини, но со постојано мешање.

– Ставете да се вари на тивко во почетокот со повремено мешање, а пред крај со постојано мешање за да не загори.

– По едно половина час варење џемот треба да стане погуст. Проверете ја неговата густина на тој начин што ќе ставите едно лажиче од џемот на тацна. Кога ќе ја накосите тацната џемот не реба да се разлее. Тоа значи дека џемот е готов.

– Теглите измијте ги и стерилизирајте ги во загреана рерна на 100 степени. Во врели тегли сипете го врелиот џем и затворете ги со метални капаци. Теглите превртете ги од опачината и оставете ги да стојат така 10-тина минути. Потоа вратете ги во првобитната положба.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска