Во гробницата на египетскиот фараон Тутанкамон има премин кон тајни одаи, каде најверојатно е погребана кралицата Нефертити, соопштија денеска археолозите коо ја истражиуваа древната гробница во Лукосор.
Нефертити, за која се верува дека му била маќеа на Тутанкамон, живеела во 14-от век пред нашата ера и доколку се потврдат претпоставките на археилозите, тоа ќе претставува досега најголемо откритие во Египет во овој век.
Британскиот египтолог Николас Ривс, кој е дел од тимот археолози што ги откриле тајните одаи, изјави дека имаа „90 отсто шанси оти има нешто зад ѕидовите на гробницата на Тутанкамон“.
Ривс уште минатиот месец изјави дека верува оти во гробницата на Тутанкамон, изворно било положено телото на Нефертити, но потоа тој дел од гробницата бил преграден со ѕид.
Фараонот-дете Тутанкамон, починал околу 1323 година пред новата ера и неговата гробница се наоѓа во познатата Долина на фараоните во Лукосор.
Археилозите долго време беа во недоумица зошто гробницата на Тутанкамон е помала во однос на оние на останатите фараони од тој период и зошто повеќе наликува на местата во кои биле положувани телата на починатите египетски кралици.
За Нефертити се верува дека починала во време на владеењето на нејзиниот сопруг, фараонот Ахенатен и се претпоставуваше дека е погребана во Амарна, каде е пронајдена нејзина биста.
Меѓутоа, неодамна неколкумина археолози изнесоа хипотеза дека Нефертити најверојатно го надживеала Ахенатен и дека е можно кус период да владеела со Египет.