Археолози бараат бродови кои потонаа пред 400 години

Од:

Два 400-годишни воени бродови кои што потонаа во Тихиот океан по нападот на холандските пирати може повторно да се најдат на копно, доколку експертите во Перу успеат да ги извадат од водата.

Детектори за метал, магнетометри и сеќавањата укажуваат дека бродовите, биле дел од флотата која што ја бранела шпанската круна кога Перу бил колонија, истакна за Ројтерс, истражувачот и историчарот Хорхе Ортис.

-Санта Ана и Сан Франциско со повеќе од 300 членови на екипажот потонаа во 1615 година, кога ги нападна холандскиот капетан и пират Јорис Ван Спилберген при Осумдесетгодишната војна помеѓу Шпанија и Холандија.

По Перу, Ван Спилберхен пловел на север и го нападнал Мексико, а подоцна и Филипините.

Останатите бродови од тој период се уништени во земјотресот и цунамито од 1746 година.

Според Ортис експертите ќе пронајдат фрагменти од бродови, муниција, оружје, стакло и керамика, но не и богатство.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска