Аргентина: Забранет пристап на планина поради можни самоубиства

Од:

Пристапните патишта кон една аргентинска планина од утре до 22. декември ќе бидат затворени од страв за можно „колективно самоубиство“ во времето наведено за крај на светот според календарот на Маите, најави градоначалникот на најблискиот град.

Одлуката ја донесе управата на градот Капиља дел Монте, крај планината Уриторко (1.979м/нм), многу популарна меѓу љубителите на медитација во средиштето на Аргентина.

Официјалните лица од туристичкиот сектор на местото Капиља дел Монте го критикуваа затворањето на пристапните патишта до планината, затоа што очекувале посета на околу 15.000 туристи.

По едно толкување на календарот на изчезнатиот народ на Маите, 21.12 се завршува една ера, што многумина го толкуваат како претскажување на крајот на светот.

Историчарите и научниците попусто укажуваат дека календарот на Маите не предвидува никаков крај на светот, туку само крај на една и почеток на нова ера – како што тие го сметале времето.

Прославата на почетокот на новата ера се најавува на јужниот дел на Мексико и на други места каде се уште има влилјание културата на Маите – во Гватемала, Белизе, Салвадор, Хондурас.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска