Анкета: Само 54% од Европејците планираат летување

Од:

Ова лето само 54 отсто од Европејците планираат да патуваат некаде, што е најнизок процент во последните 13 години, покажува најновото истражување на ИПСОС спроведено во седум земји – Франција, Германија, Велика Британија, Италија, Шпанија, Белгија и Австрија.

Според податоците, само 54 проценти од граѓаните на овие земји планираат да отпатуваат некаде во периодот јуни-септември годинава, што е за четири проценти помалку во однос на минатата година, а за 12 во однос на 2011 година.

Истовремено, ова е најнизок процент од 2000 година, од кога се спроведува истражувањето, пренесува францускиот весник „Фигаро“.

Во Шпанија планови за патување имаат само 42 отсто од граѓаните, во однос на 51 процент минатата година и 65 отсто во 2011 година. Во Италија само 53 проценти од граѓаните се подготвени за одмор, во споредба со 63 отсто минатата година и 78 во 2011.

Во Германија и Австрија ситуацијата е стабилна, така што 52 и 57 проценти од граѓаните ќе патуваат некаде, додека бројот на туристи меѓу Британците е зголемен за 2 проценти на 56 отсто во однос на 2012 година.

Според дестинациите, околу 81 процент од Европејците ќе летуваат на стариот континент. Франција е избор број еден за 18 проценти од Европејците што планираат патување.

Околу 58 проценти од граѓаните што планираат патување, ќе издвојат помалку средства од минатата година. Мнозинството туристи, околу 71 отсто, самостојно ќе го организираат своето патување.

Просечниот буџет за патување ќе изнесува околу 2.100 евра. Најмногуќе потрошат Британците, во просек 2.800 евра, што е за 1.000 евра повеќе од Шпанците. Германците ова лето ќе потрошат во просек 2.343 евра, додека Фрнацузите за одмор планираат да одвојат во просек по 2.140 евра.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска