Анкета: Кога треба да ги исфрлиме искинатите фармерки од плакарите?

Од:

Оние кои ја следат модата, во големо мнозинство сметаат дека момчињата и девојките кои ќе наполнат 40 години, треба да престанат да носат искинати фармерки или патики со шарени натписи. Анкетата е направена во трговскиот центар Хамерсон, во Бирмингем.

За некои пак, тие модни детали се „забранети“ на 37 години. Според истата анкета, жените треба да заборават на кусите здолништа веќе на 39 години, а за плитките бикини – границата е на 40-годишна возраст.

Испитаниците биле најкатегорични во однос на „исецканите“ дводелни костими за капење. A, 28 проценти сметаат дека жените не треба да ги облечат по 40-та година. За 17 од испитаниците, пак тоа се спортските парчиња облека.

Што се однесува до мажите, според 18 отсто од испитаниците, тие не треба да носат кожени јакни, спортските патики и дресови по 40-та година.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски